Додека едни бараат легализација, други градат на диво!?

Bez autora
Aug 31 2011

И додека сопствениците на бесправно изградени објекти поднесуваат барања за нивна легализација, во последниве неколку месеци во Велес, како никогаш досега, се гради диво. Дивоградби има на периферијата, но и во центарот на градот. Се гради преку ноќ и тоа пред очите на одговорните од општината. Најчесто се доградуваат дивоизградените објекти и веднаш сопствениците поднесуваат барање за нивна легализација, но барања поднесуваат и оние што градат нови објекти. Во Велес велат дека дивото градење нема кој да го контролира. Години наназад Општината нема комисија за уривање на бесправно изградените објекти, па така кој каде ќе најде гради, а за жал и надлежните како да стојат понастрана од оваа појава.

Додека едни бараат легализација, други градат на диво!?И додека сопствениците на бесправно изградени објекти поднесуваат барања за нивна легализација, во последниве неколку месеци во Велес, како никогаш досега, се гради диво. Дивоградби има на периферијата, но и во центарот на градот.

Се гради преку ноќ и тоа пред очите на одговорните од општината. Најчесто се доградуваат дивоизградените објекти и веднаш сопствениците поднесуваат барање за нивна легализација, но барања поднесуваат и оние што градат нови објекти.

Во Велес велат дека дивото градење нема кој да го контролира. Години наназад Општината нема комисија за уривање на бесправно изградените објекти, па така кој каде ќе најде гради, а за жал и надлежните како да стојат понастрана од оваа појава.

Од друга страна, најавените казнени мерки од страна на Министерството за транспорт и врски, а се однесуваат за сите оние што нема да поднесат барања, придонесоа повеќето велешани сериозно да ја сфатат можноста која им ја нуди Владата - за едно евро од квадратен метар да си ги легализираат објектите без да ги имаат комплетирано сите потребни документи.

Во Граѓанскиот центар во Велес, за легализација на бесправно изградените објекти, досега се поднесени 4.600 барања. По веста дека Владата нема да го пролонгира рокот, само во изминативе пет дена барање за легализација поднеле 2.100 сопственици на дивоградби. Турканиците и долгите колони се вообичаена слика овие денови пред Граѓанскиот сервис на општината Велес. Секој сака што побрзо да поднесе барање и да го запази рокот. Од општината велат дека до 3 септември, кога истекува законскиот рок, се очекува барања да поднесат околу седум илјади сопственици на бесправно изградени објекти.

Од двете геодетски компании, каде се изработуваат елаборатите, информираат дека како се наближува крајниот рок, така се зголемува и бројот на барањата. Досега за изработка на елабарати барања поднеле повеќе од 4.500 сопственици на дивоизградени куќи и на стопанските објекти кои во последниве неколку години никнаа во некогаш забранетите зони Речани и Велешки Бавчи. За да се избегнат турканиците и долгите чекања, од денеска, општинската администрација ќе работи со продолжено работно време.

Состојбата со поднесувањето на барања за легализација на бесправно изградени објекти е нешто подобра во општините Чашка и Градско. Со продолженото работно време за легализација на бесправно изградени викендички, куќи и стопански објекти во општина Чашка од околу 850-те, колку што се евидентирани, досега барања за нивна легализација се поднесени за над 650, а во Градско се поднесени околу 600 барања.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik